Почитувани колеги птичари,
Јас кога го поставих клипа одмах исках да ги слушнам Вашите прашанја.
Мегутоа како на секои форуми така и на овој има различити луге кој различито размислуваат па јас ке се потрудам да дадам некој факти кој ке ви помогнат да ја сватите оваа снимка.
Петар, волиерата која ја виде не е моја, истата нема под и лесно може да се става на секое место каде сакаш.
Во волиерата направена е една грмушка во која славејката требаше да си направи гнездо, таа беше го пронашла тоа заборавено гнездо каде претходно имало канаринки.
И јас бев изненаден кога славејката ги снесе јајцата на таа висина без претходно да го свие гнездото си.
Околу припремата имам уште многу ствари да Ви пишувам па за тоа ке треба да направам цел
„Докторат„ Малка шала не е на одмет , најголемата вистина е во тоа што јас веке пишував дека последните години одгледувам рачно одхранети славејчинја които ги земам од гнездо додека не се прогледале.
Мојата претпоставка иде на тамо да тие птици брзо се домистифицират и ги изгубат сите наследни особини и инстикти.
Моето долгогодишно искуство ме води на тоа да претпоставам дека фатените стаари славеи од природата много тешко би се пареле бидеејки ке си ги барат нивните природни услови.
На крајот би сакал да ви ја кажам оваа изрека која многу ја употребувам во птичарството а тоа е дека
„ПРАВИЛО Е ДЕКА НЕМА ПРАВИЛО„ Затоа Ви препоручувам по добро е да се постави некое прашанје отколку да се даваат разни претпоставки или да се пишуваат секакви глупости кој нема да дадат никаков резултат.
На крајот сакам да се заблагодарам на Winston 1 а поготово на Академика кој много добро ги познава мекоклјунците и кој поседува големо богаство на птици.
Драги пријатели Ви Благодарам за подршката и вербата во тоа дека ке успееме да изведеме славеи во волиера.
Поздрав Боцка